дно лице е уапсено во обид да влезе во Ајфеловата кула носејќи ладно оружје, соопшти претпријатието задолжено за управување со еден од најпосетените споменици во Париз.
Лицето „многу брзо било ставено под контрола и уапсено“, без да се знаат неговите мотивации или околностите под кои се случило ова дејствие. Во овој настан нема повредени.
Управителите на Ајфеловата кула го поздравуваат фактот, што биле „испочитувани и успешно спроведени сите постапки предвидени за вакви случаи, како на влезот, така и на спратовите на споменикот. Во инцидентот нема повредени луѓе.