fbpx
1.8 C
Skopje

Форум на слободоумни патриоти: Носењето суштински закони без експертско мислење и дебата не е демократија

АКТУЕЛНО

„Форумот на слободоумни патриоти најостро го осудува последниот потег на Владата на Република Македонија со кој повторно без дебата и без ниедно експертско мислење во очи на Локалните избори го изгласа фамозниот Закон за употреба на јазиците.

Носенење на суштински закони без експертско мислење и без јавна дебата, на затворени седници на Владата на Република Македонија не е демократија, напротив потсетува на едно не така далечно време. Сакаме да му укажеме на Премиерот Зоран Заев дека со последните неколку негови потези покажа дека по ништо не се разликува од неговиот претходник Никола Груевски, покажа дека се она што во јавност го кажуваше воопшто и не го мислел. Господине Заев демократијата се практикува, она што го правие вие е обична демагогија.

Останавте должен да и објасните на јавноста како тоа новиот Закон за јазици ќе донесе живот во Македонија, нешто што само пред пола година го ветувавте и за што добивте доверба од граѓаните. Останавте должен да објасните колку ќе чини оваа ваша авантура, колку ние како граѓани ќе плаќаме за Вие да имате мир во коалиција и да бидете Премиер. Излезете и кажете јавно до кога планирате да ги плаќате фактурите за да може да бидете Премиер“ се вели во соопштението на Форумот на слободоумни патриоти.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -