Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос денес упати провокација до поранешниот тренер на Реал Жозе Мурињо, кој на утрешниот натпревар ќе ги предводи црвените ѓаволи до како што вели триумф над Реал Мадрид. Имено, Рамос рече дека од Португалецот научил исто како и од неколку други тренери.
Мурињо во текот на денешниот ден истакна дека има голема заслуга за сегашниот успех на Реал Мадрид бидејќи тој бил оној кој го поставил победничкиот менталитет на Сантијаго Бернабеу.
На ова веднаш следуваше реакција од Серхио Рамос, кој рече дека од Португалецот научил одредени работи како и од многу други тренери, но не и нешто поради што му се променила кариерата.
„Мислам дека Мурињо не ми ја промени кариерата” – вели капитенот на Реал. „Ми беше тренер, исто како и неколку други. Со сите тренери, дури и со оние како младинец во Севиља, учев по нешто. Научив одредени работи со Мурињо, но не го промени мојот живот во фудбалот”.
Серхио Рамос исто така беше запрашан да направи споредба помеѓу Зидан и Мурињо.
„Секој тренер е различен од многу аспекти. Еден тренер не е полош од другиот. Зизу е поранешен играч и добро ја разбира соблекуваланата. Верувам дека двајцата се одлични, но среќен сум што го имаме Зизу и очекувам нови победи во иднина”.