8.8 C
Skopje
Wednesday, December 11, 2024

ИНТЕРВЈУ Нано Ружин: Единствената опција за Македонија е НАТО алијансата

Интервју со Проф. Д-р Нано Ружин

ПОГЛЕД: Г. Ружин. Новата Влада вети живот за сите, а во планот за живот особен акцент е ставен на клучните области како економијата, судството, медиумите. Ќе имаме ли конечно вистински реформи и департизација на институциите и медиумите или во прашање е само промена на политичките табори?

Промените веќе се случија пред се во политичката сфера. Се живее порелаксирано, послободно, заврши малтерирањето на администрацијата, медиумите, интелектуалците. Се разби гнездото на корумпирани апаратчици, интелектуалци, луѓе кои членуваа во неколку управни одбори, земаа огромни пари, почнуваат реформите во судството, но како што гледаме ДПМНЕ кој долго време ја држеше државата во заложништво сега ја држи во блокада со измисилците од 10 пратенички групи во Парламентот и на тој начин ги кочи реформските процеси. Тоа е невидено во досегашната политичка историја на РМ. Евидентно е дека 11 годишното владеење оставило длабок траг врз раководството на ДПМНЕ. Најбитно е владеењето не се битни реформите и граѓаните на РМ. Во доменот на социјалната политика амбициозната Министерка Царовска презема огромни реформи во поглед на воспоставување одредена социјална рамнотежа и покривање на најзагрозените социјални слоеви. Во синергија со младиот минситер за финансии Тевдовски ке се настојува да се зголеми куповната моќ на населението а со тоа и потрошувачката на домашни производи. Престојат реформи и во остаанатите домени како што се економската сигурност и независност на бизнисмените, реформи во одбраната за јакнење на НАТО-перфомансите, реформи во МВР за поголема транспарентност и одговорност на УБК, функционалност на полицијата во полза на граѓанинот и неговата безбедност. Едноставно реформи ке ги зафатат сите домени но секогаш со посебен нагласок на ДЕМОКРАТИЗАЦИЈАТА.

ПОГЛЕД: Кој е вашиот став за преговорите со Грција за името? Нов конкретен предлог на РМ за решавање на овој спор кој е клучен за влез на Македонија во ЕУ.

Во поглед на Грција пожелно е да се влезе во НАТО со привремената референца но претходно треба да се направат одредени потези на добра волја од страна на РМ во смисла на преименување на аеродромот Петровец, а паралелно да се размислува за одредени преговори околу заедничко прифатливо решение за името во моментот кога РМ би станала членка на ЕУ.

ПОГЛЕД: Ако Владата отстапи место за Љупчо Зиков кој јавно говореше дека Никола Груевски и неговата влада се оние кои успеале да ја водат економијата на најдобро ниво од сите досегашни влади или пак за Лиле од ДОМ која осум години беше во прегратката на ВМРО-ДПМНЕ, дали ќе биде коректно ако кажеме дека СДСМ како да заборава на заложбите на помалите десничарски партии и нивното членство кои повеќе од 14 години се опозиција на македонската политичка сцена?

Кога во Германија или Франција избираат министри од спротиставениот табор зошто да не се направи и некој сличен чекор и во однос на таквите кадровски решенија за луѓе кои имаат одредени експертски способности дотолку повеке што Зиков во последните неколку години активно го критикуваше Груевски. Впрочем и денес меѓу неколку просдсм-овски новинари или интелектуалци има и такви кои во одреден момент ја критикувале некогашната СДСМ но на тоа никој не се обзира. Битно е дека сите се здружија во рушењето на авторитарниот режим на Груевски. Впрочем критиката е здрава работа за секоја демократија. Од друга страна десничарските партии на РМ исто така ке најдат сопствено место под сонцето и за нив е најбитно дека ке функционираат во демократски амбиент а не како за време на Груевски доколку му се спротиставеа ќе завршеа како политички затвореници.

ПОГЛЕД: Кој е вашиот став за законот за албански јазик и колку тој може да допринесе за квалитетот на животот на обичниот граѓанин?

Новиот закон за јазици е само проширување на демократијата во доменот на идентитетските иконографии согласно Охридскиот рамковен договор. Се што е против Уставот на РМ ниту ќе може да биде усвоено ниту Венецијанската комисија ќе го дозволи. Напротив овој закон ќе ги зајакне меѓу-етничките односи во РМ.

ПОГЛЕД: Вие бевте шеф на мисијата на Р.Македонија во НАТО. Колку важно е според Вас, Македонија да стане дел од северно – атлантскиот пакт?

За мала држава како РМ која се наоѓа на еден динамичен геополитички и гео-стратешки простор на ривалитетот меѓу големите сили единствен гарант за надворешната стабилност е членството во Алијансата.

ПОГЛЕД: Дали евроазиската унија на Путин, може да биде опција за Македонија?

Сметам дека единствена опција за РМ е НАТО алијансата. Членството во други безбедносни интеграции е чист авантуризам. Впрочем РМ е дел на Европа а не Азија. Воедно во евро-азиската интеграција членуваат држави со сомнителни демократски вредности.

ПОГЛЕД: Каде Македонија успеа и каде згреши како држава во лобирањето за остварување на своите стратешки интереси?

За одговор на ова прашање потребна е цела студија. Но во глобални рамки РМ згреши во 90-тите што не најде брза солуција за името и во катастрофалната приватизација додека подоцна се редеа лидери кои со мали исклучоци не беа на ниво на државници кои би го насочиле интензивно и силно македонскиот пат во евро-атланските интеграции. повеке се внимаваше на сопствениот политички интерес и власт а помалку на интересот на РМ и народот иако во пракса сите го величеа народот и неговиот интерес. Типичен пример за тоа е популизмот на Груевски и Иванов.

ПОГЛЕД: Дали според Вас, Бугарија како наша најблиска земја (во географска и секаква смисла) која веќе е дел од ЕУ и НАТО ќе ни помогне да го поминеме патот кон овие две меѓународни организации што побрзо и побезболно?

Бугарија е добар играч на меѓунарпдната сцена. РМ има еден комплекс а тоа е слабоста на добрососедските односи. Уште од легендата за четирите волци што ја опкружуваат РМ, постојано нашите политички елити го користеа оружјето на недобрососедството како изговор за да се заборават внатрешните проблеми. Во тоа предничат националистите и екстремните патриоти. Сега живееме во 21 век и смешно е да се враќаме на митови и приказни од 19/20 век. Добар е потегот на Заев и сметам дека со релаксирањето на односите со соседите се подобрува и меѓународната репутација на државата. Впрочем договорот за добрососедство беше подржан и од страна на САД и ЕУ. Тоа зближување може да ни ја олесни нашата амбиција за членство во евро-атланските интеграции.

поврзани објави

Последни објави