-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Изгор цени пред „Филип Втори“: Една рака семки и три голтки вода за „само“ 300 денари

Вечерашниот мегаспектакл во Скопје помеѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед ја донесе целата фудбалска елита во македонската престолнина, но со нив дојдоа и европските цени околу стадионот.

Целата околина околу Националната Арена „Филип Втори“ ќе биде „збогатена“ со штандови на партнерите на УЕФА, каде што навивачите ќе може да купар сувенири и реквизити, но и да се освежат на топлото време пред да влезат на стадионот и да го гледаат мегаспектаклот на двата најмоќни клубови на светот. Пред Арената, уште од вчера се поставени штандовите, на кои пијалоците се продаваат по изгор цени. За навивачите се достапни пијалоци, апетисани, сендвичи, како и пиво, но безалкохолно

Така, газираните пијалаци и ледениот чај ќе се продаваат по цена од 200 денари или 3,3 евра, а по истата цена ќе се продаваат и џусот и кафето. Ако сакате да се напиете вода ќе треба да одвоите 150 денари или 2,5 евра за количина од 0,4 литри. Доколку пак сте гладни и сакате да купите сендвич, кроасан или пак кикирики, семки и сончоглед, за едно пакување ќе треба да платите 150 денари или 2,5 евра. Сето ова значи дека за 5 евра (300 денари) ќе може да добиете рака семки и неколку голтки вода.

Најскапо ќе биде пивото и тоа безалкохолното, кое ќе се продава по цена од 250 денари или 4 евра.

 

Извор: Sport1.mk

поврзани објави

Последни објави