4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Двојазични веб страни, уплатници, поштенски марки, фискални извештаи..

Сите органи на државната власт ќе имаат двојазични веб страни, пропишува Законот за јазици кој го донесе Владата и кој ќе влезе во собраниска процедура. Освен на македонски јазик, на албански јазик ќе биде објавувана содржината на веб страните кои ги модерираат централните институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно закон и други институции.

Ова е една од изменитево институционалното работење кои ги предвидува предлог законот. Согласно предлог законот сите закони и други акти донесени од Собранието ќе се објавуваат на македонски и на албански јазик. Исто важи и за одлуките кои ќе ги носи Владата.

Покрај македонскиот во институциите службен јазик станува и албанскиот, што ќе се применува во комуникацијата, употребата и примената во сите постапки на граѓаните пред сите органи што ја сочинуваат државната власт. Законот ги обврзува судовите, јавните обвинителства, како и сите други органи, тела и други институции да овозможат користење, употреба и примена на кој било од службените јазици и нивните писма во своите постапки.

На албански јазик ќе бидат достапни и поштенските марки, уплатниците, фискалните извештаи, фактурите и бандеролите.

Книжните и кованите пари, како и поштенските марки ќе содржат симболи што го претставуваат културното наследство на граѓаните што го зборуваат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо. Униформите на полицијата; пожарникарството; здравството; во Скопје и во единиците на локалната самоуправа во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик ќе бидат напишани на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо.

поврзани објави

Последни објави