Неизмерна радост, дечиња со оштетен слух се дружеа со ѕвездите на Реал и го учеа Роналдо знаковен јазик (ВИДЕО)

100
Uefa Ronaldo Children Skopje playing

Европската куќа на фудбалот се погрижи 19 дечиња со оштетен слух од уличиштето „Партение Зографски“ да поминат неколку незаборавни минути со Кристијано Роналдо и ѕвздите на Реал

УЕФА им овозможи на 19 дечиња со оштетен слух од уличиштето „Партение Зографски“ да се дружат со ѕвездите на Реал Мадрид и да го учат Кристијано Роналдо знаковен јазик.

Фондацијата на УЕФА за деца и оваа година на Суперкупот ќе има активно учество на церемонијата со која ќе се отвори пресметката помеѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед на „Филип Втори“.

Дечиња со оштетен слух ќе настапат и на знаковен јазик ќе ја испеат пезната „Скај фул оф Старс“ на „Колдплеј“.

Европската куќа на фудбалот исто така им овозможи и дружба со членовите на Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.

 

Тие имаа прилика да се сретнат со Жозе Мурињо, и да го учат Кристијано Роналдо и останатите ѕвезди на Реал Мадрид знаковен јазик.

Извор: 24Фудбал