6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

За еден месец девет сообраќајќи со три жртви на патиштата во Делчево

Девет сообраќајни незгоди со три жртви во текот на месец јули се случиле по патиштата во општина Делчево. Во првите шест месеци од годината имало 14 сообраќајни незгоди со осум повредени од кои четири лица потешко, а предизвикана е материјална штета на седум возила.

Ова го истакна Николина Петровска, претседател на општинскиот совет за безбедност на патниот сообраќај во Делчево на состанокот на Советодавната граѓанска група на тема „Последици од неодговорното учество во сообраќајот“. На состанокот учествуваа претставници на надлежни институции и на превозниците во Делчево.

– Најкритични делници по патиштата на општина Делчево се делницата од магистралниот пат А3 од М Каменица и регионалниот пат од прва категорија Делчево-Пехчево, а како најчести причини се издвојуваат возење со брзина поголема од пропишаната, непрописно држење на страна при движење, непочитување на првенството на минување, истакна Петровска.

Таа додаде дека стоп на црниот биланс од сообраќајните незгоди, можат да стават само учесниците во сообраќајот, а најави и поголеми сообраќајни контроли.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот, посебно во сабота кога е пазарен ден, празнични денови и кога е туристичката сезона, да се придржуваат до пропишаните правила и прописи, поставената сигнализација и да бидат внимателни и одговорни кон другите учесници во сообраќајот, посочи Петровска.

Бидејќи технички исправното возило претставува предуслов за безбедно учество во сообраќајот, посебно во периодите на чести патувања, ОСБСП Делчево во соработка со станиците за технички преглед во Делчево почна акција за бесплатни превентивни технички прегледи на возила која ќе трае до 31 декември годинава.

поврзани објави

Последни објави