Севернокорејските власти организираа масовен протест против новите санкции наложени од страна на ОН.
Десетици илјади се собраа на плоштадот „Ким Ил-сунг“ во центарот на Пјонгјанг.
Собирот премина во познат формат -маса народ поставени во уредени редови, држеа транспаренти во рацете и го слушаа говорот од трибината.
Ким Кхи-нам, член на Политбирото и заменик-претседател на Централниот комитет на Корејската работничка партија, изјави пред демонстрантите дека САД и сојузниците повторно измислиле резолуција за санкции и извршиле притисок врз ОН.