25.8 C
Skopje
Friday, June 21, 2024

СДСМ: Наместо сервис на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, институциите стануваат вистински сервис на граѓаните

„Партизацијата на државата и злоупотребата на институциите беше главна одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кое од Македонија направи партизирана и заробена држава. Најочигледен пример за тоа беше партизацијата на Министерството за внатрешни работи што ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски го претворија во МВРО-ВМРО.

Владата предводена од СДСМ започна процес на ослободување на заробените институции од страна на ВМРО-ДПМНЕ, нивна професионализација и функционирање единствено во интерес на граѓаните и државата.

Владиниот реформски План 3-6-9 обезбедува независни, слободни и ефикасни државни институции кои наместо сервис на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, ќе станат вистински сервис на граѓаните, за никогаш повеќе да не се повтори масовната партизација што ВМРО-ДПМНЕ ја правеше цели 11 години“ се вели во реакцијата на СДСМ.

поврзани објави

Последни објави