Легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам ќе се врати во Реал Мадрид како амбасадор на клубот, открива претседателот на „Кралевите“ Флорентино Перез.
Бекам им се придружува на Роберто Карлос, Луис Фиго и Роналдо кои ќе работат на имиџот и промоцијата на клубот.
-Големи играчи се оние кои сакаат да помогнат во имиџот на клубот, дури и по 2000 година, како Фиго, Зидан, Ронадло и Бекам. Воодушевен сум што се вратија, вели Перез за Фокс Депортес.
Бекам играше за Реал Мадрид од 2003 до 2007 година, запиша 155 настапи и 20 голови.
За време на кариерата која ја заврши пред четири години, тој настапуваше и за Манчестер Јунајтед, Престон, Лос Анџелес Галакси, Милан и ПСЖ.