Што правите, сфаќам дека не сакате да одите во затвор и дека ги штитите криминалците, ама не со овие лаги. Доста со ширење на национализам и ксенофобија за заштита на вашиот криминал, рече пратеникот од редовите на СДСМ, Павле Богоевски.
– Важни се пожарите, но важно е и спречување на вашиот криминал. Да не се лажеме, ова што го правите не е за демократија или за запазување на рокови, целта е спасување на кожите на дел од вас од затвор, се обрати Богоевски кон пратениците од опозицијата.
– Со месеци го злоупотребувате и потценувате здравиот разум на граѓаните, не правите будали ама нема да ви трае уште многу, Зврлевски ќе биде разрешен, тие што треба ќе одат во затвор, рече Богоевски.