Ниту денешното продолжение на седницата за разрешување на Марко Зврлевски не е различна од досегашните. Сега во дуел со Џафери влезе пратеничката Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ.
Рангелова од собраниската говорница побара СДСМ, активно да се вклучи во расправата за разрешување на Марко Зврлевски. Им замери на колегите од владеачаката партија за малиот број на присутни во собраниската сала. Реагираше спикерот Џафери. Ја праша Ренгелова дали користи право на реплика или има процедурална забелешка. Нивната дискусија се одвиваше вака:
Џафери:Вие реплика имате или?
Рангелова: Ќе видиме дека на оваа седница околу 15 пртенцви од СДСМ се.
Џафери: Реплика имате или процедурално?
Рангелова:Ова не е процедурално.
Џафери:Реплицирајте и на колешката
Рангелова: Реплика е, се збунивте.
Џафери:Не се збунив, ве прашувам дали е реплика.
Рангелова:Па реплика е што сакам ќе зборувам, се извинувам што се збунивте, ај ќе научите.