6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Критики кон Трамп бидејќи не ги осудил десничарите кои заговараат за бела супремација

Американската политичка јавност и поголемиот број од медиумите во САД го критикуваат претседателот Доналд Трамп бидејќи директно не го осудил насилството на десничарите и на белите националисти, во текот на вчерашните протести во Шарлотсвил, во сојузната држава Вирџинија.

Во своето обраќање, Трамп го осуди насилството од „многу страни“ но не го посочи насилстото на крајната десница што маршот против плановите да се тргне споменикот на генералот Роберт Ли, командант на силите на Југот (Конфедерацијата) во Граѓанската војна во САД, од пред 155 години, го претвори во парада на „ расизмот, омразата и антисемитизмот“.

Политичари од редовите на демократите, но и многумина републиканци бараат од претседателот на САД да ги означи вистинските виновници за она што се случи во Шарлотвил.

-Господине претседателе, вие мора да го означите злото по име, изјави републиканскиот сенатор Кори Гарднер, порачувајќи му на Трамп дека станува збор за „белата супремација“ како и дека случувањата во Шарлотсвил претставуваат „домашен тероризам“.

Стотици бели националисти протестираа во саботата низ улиците на овој град во Вирџинија, барајќи супремација на белците во САД.

Во текот на нивниот протест им се приклучиле и разни неонацистички групи, како и припадници на злогласниот Кју-клукс-клан, дојдени од разни страни.

Тие се судрија со групи на антирасисти и либерали кои организираа контра-протест, а полициските сили не успеаа да го спречат нивниот меѓусебен судир.

Една жена е убиена, а 19 други се повредени, неколкумина критично, откако возач на автомобил го насочил своето возило кон контра-демонстрантите.

Станува збор Џејмс Филдс, момче од Охајо, кој дошол за маршот во Шарлотвил. Тој набргу по тешкиот инцидент е најден и уапсен.

Други 15 лица се повредени во разни судири и тепачки предизвика со маршот на крајната десница.

Според американските медиуми, најмалку три лица се убиени, а 35 се полесно и потешко повредни.

поврзани објави

Последни објави