11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Челзи ги чувствува последиците од поразот: Конте до Абрамович достави листа со барања

По нервозната реакција по мечот пред новинарите, Антонио Конте наводно разговарал со челниците, при што доставил листа со барања.

Сега е појасно дека најголемиот конфликт настанал околу продажбата на Немања Матиќ во Манчестер Јунајтед, па оттаму треба да се толкуваат барањата на Конте кон директорот Еменало, поточно кон Роман Абрамович.

Италијанецот смета дека Челзи нема што да бара со овој тим, поразот од Барнли го запали алармот, а потребни се најмалку четворица нови играчи.

Да почнеме од одбраната. Конте бара Челзи да направи се за да го купи Ван Дајн. Саутемптон не сака да го продаде во Ливерпул, а тука „Сините“ се во поволна позиција, иако ќе мораат да издвојат речиси 70 милиони евра. Иста толкава сума нудеа на Јувентус за Алекс Сандро, но тоа е невозможна мисија.

По продажбата на Матиќ, сега Конте бара дури двајца играчи за врска. Едниот е Рос Баркли кој е на продажба во Евертон, но ќе чини скапо, околу 50 милиони евра, а за исто толку Венгер би можел да се откаже од Окслејд Чемберлејн, кому му истекува договорот следната сезона. Се уште останува варијантата со Дани Дринквотер, како поевтина солуција, но ниту него Лестер нема да го пушти за помалку од 30 милиони евра.

И на крајот уште еден напаѓач. Фернандо Љоренте од Свонси е прва мета, но тоа ќе биде тешко, бидејќи Велшаните не сакаат да се откажат од Шпанецот, поточно и тие ќе бараат големо обесштетување.

Конте го сакаше и Дени Роуз, но Тотенхем нема да го продаде по ниту една цена.

Англиските медиуми тврдат дека исполнувањето на планот на Конте од четири засилувања би го чинело Роман Абрамович повеќе од 200 милиони евра и дека е тешко да дојдат повеќе од двајца играчи, иако веќе сега е јасно дека оваа сезона во случај да нема огромни вложувања би можела да биде тешка за „Сините“.

Се шпекулира дека Конте, ако остане со ваква екипа набрзо ќе даде оставка, без оглед на огромната плата која ја добива и ќе ја напушти Англија. Медиумите одат до таму што тврдат дека сега жали што не ја прифатил понудата на Интер да се врати во Италија, бидејќи се измамил во проценката. Имено, во Челзи нема слобода каква што очекуваше по освојувањето на титулата.

Sportclub.mk

поврзани објави

Последни објави