9.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Атина се „стресна“ од двоецот Скопје-Софија

Атина веќе почна да тажи по владата на Никола Груевски. „Што ќе правиме без плашилото?“- прашува угледниот грчки весник „Катимерини“. Што ќе правите навистина? Веќе го немате адутот за наводната антигрчка хистерија што демек некој плански ја ширел во Македонија. Друга им е маката на Грците (не им викам браќа, оти не се словени). Македонија веќе не е сама на патот. Со неа е Бугарија и каква таква, таа си останува најблиската држава на нашата земја.

Атина нема интерес од договорот со Бугарија. Видете кои македонски политичари најгласно се изјаснија против истиот договор и работите веднаш ќе ви станат појасни.

Атина, што имаше да купи во Македонија го купи. Остана само името да го „реши“ за чисто внатрешна употреба. Името е само причина да се одолговлекува европската интеграција на Македонија. Грците се свесни дека приказниве за наводните претензии од наша страна се само убаво спакувана небулоза. Македонската држава не може да се справи со едни пожари и дождот и се најде како „кец на десетка“, па што остана да претендира за територии, кои одамна се изгубени и идеолошки и биолошки.

Сега на потег е Борисов. Грците си кажаа, дека двоецот Скопје-Софија ги плаши. Бугарија сега треба уште поактивно да заигра за заедничкиот интерес на двете братски земји. Борисов ја има неповторливата шанса да се запише со златни букви во македонската историја (исто како што тоа го направи покојниот бугарски претседател Жељу Желев). Тој (Борисов) треба да и покаже на Атина, дека сојузници во кочењето на европските перспективи на Македонија, може да бара само на север од Табановце, но не и во Софија. Оти Софија е посебен град за Македонија. Софија отсекогаш била полна со комити и сега Борисов ја има честа да го потврди тоа со некој остар комитски потег во одбрана на Македонија.

Пишува: Батко Тане

поврзани објави

Последни објави