35.8 C
Skopje
Wednesday, June 12, 2024

Стојаноски: Во овие два и пол месеци јавноста е свеод на вработувања на партиски војници

Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиуми запраша колку ќе ги чини македонски граѓани советникот Зоран Башановиќ и колку пари месечно ќе се двои од државниот буџет за советите?

– Колку ќе чинат услугите на партискиот пајташ Митко Андреевски? Помалку или повеќе од тендерите кои ги добиваше со човек-фирма од Струмица гас? Дали тука му е ветен екстра профит или ќе продолжи неговата фирма да го цеди Струмица гас и буџетот на струмичани, а Андреевски ќе добива екстра пари од народот? Ова се прашања кои заслужуваат одговор. Не се работи за милионите на Вице или Зоран Заев, туку за пари на граѓаните, рече Стојаноски.

Според него, Заев и СДСМ продолжувале со целосна партизација на администрацијата и вработување на лица, од како што рече, платеничкиот список на Сорос.

– Во овие два ипол месеци јавноста е сведок на вработувања на партиските војници, активисти на Шарената револуција и активисти на невладиниот сектор на СДС/Сорос како лични советници на Зоран Заев. Довчерашните платеници на Сорос и партиски послушници, сега се на платен список во владата на СДС со пари на сите граѓани на Македонија. Заев си ги вработи како свои советници Цветанка Ласкова, претседателка на форумот на жени на СДС, Ленче Николовска, поранешен пратеник на СДС, Митко Андреевски претседател на партиската комисија за енергетика, Дане Талески, поранешен член на Извршниот одбор на СДС. На списокот како посебни советници се најдоа и самопрогласените политички аналитичари Мерсел Биљали и Исмет Рамадани, како и активистите во невладиниот сектор на Сорос, Бојан Маричиќ и Марјан Забрчанец, рече Стојаноски.

Тој додаде дека јавноста не доби одговор на каков начин и со кои критериуми се вработени овие лица и по колку пари месечно ќе се земаат за советување на премиерот Заев?

– Граѓаните очекуваат одговорно и транспарентно работење од владата на СДС и Зоран Заев. За СДС и Заев нема пари за зголемување на платите, пензиите и социјалната помош, но има пари за активистите од СДС како Ласкова, Николовска, Андреевски и Талески. За Заев и СДС нема пари за нови градинки, болници, училишата, нови спортски сали, патишта, но затоа има пари за згрижување на активистите во невладиниот сектор и политички аналитичари скриени зад параванот на Сорос/СДС како Маричиќ, Забрчанец, Рамадани, Биљали, заврши Стојаноски.

поврзани објави

Последни објави