35.8 C
Skopje
Wednesday, June 12, 2024

ФОТО: Заев се сретна со Динко, бугарскиот ловец на мигранти

Активностите на македонскиот премиер Зоран Заев се се’ поатрактивни за бугарските медиуми.

Порталот 24 Часа објавува дека Зоран Заев се сретнал со Динко Валев, познат како „Ловецот на мигранти“ кој фотографијата од средбата со Заев ја објавил на својот фесјбук профил.

„Познатиот Бугарин отпатувал во Македонија за да се сретне со скандалозниот македонски новинар Миленко Неделковски, кој со чекан оштети спомен плоча нна загинати бугарски офицери и војници на Кајмакчалан, но наместо со него се сретнал со премиерот Зоран Заев во Струмица“, пренесува порталот.

„Новиот премиер на Македонија е многу убав човек и го почитувам. Го поддржува решението за добри односи за разлика од оној Миленко кој се покажа како неподготвен“, рекол Динко по повод средбата со Заев, пренесува 24 Часа.

Од кабинетот на Заев се’ уште нема официјална информација колку време траела средбата, за што се разговарало и дали се договорил распоред за наредни средби кои би ги имал со Динко, ловецот на мигранти од Бугарија.

 

поврзани објави

Последни објави