35.8 C
Skopje
Wednesday, June 12, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Николовски се елементарна непогода, да не беа дождовите пожарите уште ќе уништуваа

Добро е што министерот за земјоделие, Љупчо Николовски конечно се врати од песочните морски плажи, бидејќи зема плата од граѓаните за да ги решава нивните проблеми.

Очигледно бил презафатен во баровите и ноќните проводи, па не видел што се случуваше во земјава.

Додека тој уживаше и се разладуваше по морињата изгоре половина Македонија. Изгореа, шуми, имоти, куќи.

Додека Николовски со креми со висок заштитен фактор се обидуваше да се спаси за да не изгори од сонцето, граѓаните во Република Македонија доброволно се организираа и сами се спасуваа од огнените стихии.

Зоран Заев и Љупчо Николовски се елементарна непогода. Да не беа дождовите, пламените јазици сеуште ќе продолжеа да уништуваат се пред себе.

Затоа, срамна и лицемерна е денешната прес конференцијата на министерот за земјоделие Љупчо Николовски. Човекот излезе за да каже дека сеуште броел колкава е штетата од пожарите кои заедно со својот претпоставен ги набљудуваа од дистанца.

Не открија ниту еден виновник за подметнување на пожарите кои беснеа во Македонија. Не изгаснаа ниту еден пожар.

Затоа сега мораат да лажат околу буџетот за заштита на шумите.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ преку акијата ден на дрвото која започна во 2008 година засади над 36 милиони садници во која се пошумени над 13.000 хектари површина.

Изминативе години се спроведоа неколку акции за спречување на кражба на дрвја и уништување на шумскиот фонд.

Николовски креираше хаос во земјоделието и одговорност за тоа ќе има“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

поврзани објави

Последни објави