Понекогаш луѓето мислат дека знаат се за нивното интимно здравје, па почесто забораваат да се консултираат со медицинско лице при што и ситниците се тие кои може да ја нарушат рамнотежата и да доведат до одреден проблем. Не е лошо од време на време да проверувате дали правите се што треба за вашето интимно здравје. Најдобро е да се придружувате до овие совети:
Користи кондоми:
Освен што ве штитат од сексуално преносливи болести и бременост, кондомите и помагаат на вагината да ја држи pH вредноста под контрола. На тој начин, добрите бактерии можат да преживеат, што е исклучително важно, ако сакаш да ги избегнеш габичните инфекции.
Носи памучни гаќи
Кога се работи за изборот на долна облека, твојата вагина преферира памук. Токму тоа е причината поради која на секој пар гаќи има слој памучен материјал.
Вежбај
Кегловите вежби се клучни за зајакнување на долните мускули на вагината. Токму зајакнувањето на овие мускули може да ти помогне да постигнеш посилни оргазми, но и да ја зајакнеш контролата на мочниот меур.
Јади јогурт
Јогуртот е мошне добар за pH рамнотежата, па вклучувај го во исхраната што е можно почесто. При тоа води сметка за внесувањето на шеќери, бидејќи зголеменото внесување на шеќери придонесува до габични инфекции.
Немој да се двоумиш да користиш лубрикант.
Вагиналната сувост е честа појава и не е знак за паника. Може да се појави поради користење на одредени лекови, по породувањето или пред менопаузата. Важно е само да немаш сексуален однос додека си сува, па или имајте подолга предигра или користи лубрикант.