3.8 C
Skopje
Friday, December 13, 2024

Реформаторите од Битола: Време е за промени и оставки

Идејата за промени и демократизација на ВМРО-ДПМЕ вчера доцна попладне во салата на хотелот „Милениум“ во Битола им беше претставена на Битолчани од страна на претставниците на Иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богојески, Иван Јолевски, Перо Дејкоски, Никола Талевски и Александар Коневски.

На панел дискусијата организирана од Иницијативата за реформи, беа испратени јасни пораки до највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Главен момент во обраќањата на говорниците беше слободата на одлука и слободата на мислење и делување,  што ќе стане реалност само преку промена на статутот на партијата, нејзина демократизација и не на последно место нејзина децентрализација.

Реформаторите порачаа дека е време за кардинални промени во ВМРО-ДПМНЕ преку кои партијата ќе се врати на своите идеолошки темели и ќе излезе од изолацијата во која се наоѓа во моментот.

Долгогодишниот активист на ВМРО-ДПМНЕ од регионалниот штаб за внатрепартиски реформи, Иван Јолевски во своето излагање јасно порача дека Груевски како претседател на партијата и врвот треба да си дадат оставка. Јолевски им се извини и на претставниците на меѓународната заедница кои станаа објект на говор на омраза од страна на тесното раководство на партијата.
Реформаторите инсистираат внатрепартиските реформи да отпочнат пред локланите избори, да се децентрализира постапката за составување на советничките листи и изборот на кандидати за градоначалници и наместо Груевски за тоа да одлучуваат општинските комитети.

-Ако продолжи овој начин на кандидирање на кандидати за советници и градоначлник Битола ќе биде угушена без можност ВМРО ДПМНЕ да постигне вистински успех и да докаже дека е непобедлива и во овој град, изјави Петар БогоЈевски, од Републичкиот штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ.

За време на панел дискусијата присутните имаа прилика јасно и гласно да се искажат за проблемите и да ги споделат своите очекувања во врска со промените за кои се борат од Републичкиот штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ. Како што истакнаа и самите иницијатори, токму тоа е поентата во организирањето на вакви панел дискусии, за да може членството на партијата да се ослободи од стравот и јасно да ги посочува проблемите со кои се соочува.

поврзани објави

Последни објави