25.8 C
Skopje
Friday, June 21, 2024

Невен – природен лек за многу заболувања

Невенот од дамнина е познат како скапоцено лековито средство. Тој цвета од мај до доцна есен во медитеранските предели, каде со своите големи златно-жолти или портокалови цветови и прекрасниот мирис ги разубавува дворовите.
Лековитите својства на невенот биле познати уште во антиката и во средниот век, кога тој се користел за лечење рани, повреди и сите видови на кожни заболувања.
Невенот содржи календулин, каротиноиди, албумин, ликопен, флавоноиди, од органските киселини има јаболкова, салицилна, палмитинска, волоксантин, цитроксантин, рубиксантин, етерични масла, смола, жолто мастило, шеќер,
белковини, ензими, гума, фитостерол, калциум, сулфур, витамин А – каротеноид.

Нeвeнот повеќе се користи во народната нeга отколку во соврeмeната мeдицина. Се прeпорачува за чистeњe и плакнење на рани, чирeви и изгореници. Се користи и за лeчeњe на жeлудникот, проблeм со црeва и жолчно кeсе. Нeвeновиот крeм сe користи за надворешна употрeба кај рани, чирeви, осипи и отeчeни жлeзди. Нeвeновата маст со козјо масло во народната мeдицина лeчи хронични чирeви и отечени мeста, гнојни рани кои тeшко зараснуваат. Облогите од топол нeвeнов чај го подобрува видот. Спрема литeратурата на руската народна мeдицина, чајот од цвeтот на нeвeн се користи кај крвавeње од материца и за болeсти на црниот дроб, слезината, проблeми со жeлудец и рахитис.

Невенот делува антисептично и антибактериски и е многу ефикасен против различни воспаленија, габични инфекции, а најновите истражувања наговестуваат дека е корисен во борбата против ХИВ (вирус предизвикувач на СИДА). Корисен е за отстранување на отрови кои прават различни хронични инфекции, трески, кожни болести како што се егземи и акни. Добар е како средство за смирување на грчеви, против астма, кашлица, тахикардија и несоница. Од одамна во народната медицина се користи за залечување на рани, боцкање од инсекти, смрзнатини, чиреви, брадавици, волчи очи и др. Ладен чај од невен се употребува за плакнење на очи при конјунктивит или после вадење на заб. Поради благите естрогенски дејства во (естроген – женски полни хормон) се користи за воспоставување на редовен менструален циклус и смалување на менструалните болки кај младите девојки или кај жени во климакс.

поврзани објави

Последни објави