10. „Мисли и збогати се“, Наполеон Хил. Продадени: 70 милиони копии
Книгата е напишана уште во екот на Големата депресија (1937 година). Мисли и збогати се е можеби најважната книга за успехот некогаш напишана, и поради неа Наполеон Хил се смета за татко на целата мотивациска литература што се пишува и денес. Во неа се опишани 13 конкретни принципи за постигнување на успех, поради што Хил често е нарекуван и „Учителот на почетниците милионери.“
9. „Кодот на Да Винчи“, Ден Браун. Продадени: 80 милиони копии
Книгата, првпат е објавена пред 12 години и веќе е во првата десетка на најпродаваните книги во светот. Таа предизвика бура уште со нејзината појава, а потоа беше направено и филм според нејзината содржина.
8. „Лав, вештерка и орман“, Клајв Луис. Продадени: 85 милиони копии
Фантастичниот роман на Клајв Луис всушност е првата книга од циклусот „Хрониките на Нарнија“.
7. „Сонот во црвениот Павилјон – Цао Хсуечин“. Продадени: 100 милиони копии
Ова е кинески роман од 18. век. Авторот Цао Хсуечин романот го објавил анонимно, но подоцна било утврдено дека тој го напишал. За својот роман „Камен“ напишал 80 поглавја, но по неговата смрт биле додадени уште 40 и името на романот е сменето во „Сон во црвениот павилјон“. Романот има 30 главни у преку 400 спородени ликови, главно женски.
6. „Таа: Историја на авантурите“ – Х. Рајдер Хагард. Продадени: над 100 милиони копии
Во весникот „Д график“ првпат бил објавен во продолженија. Веднаш по објавувањето стекнал голема популарност. Заплетот во прво лице го опишува патувањето на Хораци, Холи и неговиот штитеник во изгубеното кралство во вантрешноста на Африка. Таму пронашле раса со која владеела кралицата Ајеша позната и како „Таа“ или „Таа која мора да се слуша“.
5. „10 мали црнци“ – Агата Кристи. Продадени: Над 100 милиони копии
Легендарната англиската писателка на детективски романи Агата Кристи го пишува романот „10 мали црнци“ во 1939 година и до денес тој држи челни позиции помеѓу најпродаваните бестселери во историјата. Интересен факт е дека кога романот бил објавен за првпат во САД, името му било сменето поради размислувањата за политичката коректност.
4. „Хари Потер и Каменот на мудроста“, Џоан К. Роулинг. Продадени: 107 милиони копии
Првата книга од познатата серија за Хари Потер се појавила на виделина во 1997 година. Во интерес на вистината, останатите книги исто така треба да бидат присутни во набројувањето на најпродаваните книги, бидејќи секој том за младиот волшебник е продаден во тираж 50-60 милиони примерока,
3. „Малиот принц“, Антоан Де Сент-Егзипери. Продадени: 140 милиони копии
Трета најпродавана книга во светот која е преведена на повеќе од 250 јазици.
2. „Господарот на прстените“, Џ. Р. Р. Толкин. Продадени: 150 милиони копии
Хронолошки претставува продолжение на „Хобит“ кој првобитно имал наслов „Војна за прстен“, но потоа книгата е објавена како „Господарот на прстените“. Оваа книга со епска фантастика ја напиша Џон Толкин. Иако познатата трилогија „Господарот на прстените“ е поделена во шест дела на крајот, поради полесно дистрибуирање е објавена во три дела. По нив е снимен и филм кој ширум светот доживеја неверојатен успех.
1. „Приказна за два града“ – Чарлс Дикенс. Продадени: Над 200 милиони копии
Овој роман се појавил во 1859 година, а дејствието е сместено во Лондон, пред и за време на француската револуција. Со повеќе од 200 милиони продадени примероци се смета за една од најпродаваните книги на сите времиња.