Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) привела четворица терористи, еден државјанин на Русија и тројца на централноазиските држави, кои подготвувале атентати во Москва и регионот, соопшти прес центарот на ФСБ, пренесе ТАСС.
Групата планирала да изведе самоубиствени атентати со моќни експлозиви во места каде се собираат многу луѓе, пред се, транспортни објекти и трговски ценатри во Москва.
Подготовката била раководена од емисар на групата Исламска држава, кој дејствувал по наредби на неговите лидери од Сирија.
Во непосредна близина на руската престолнина била откриена и уништена лабораторија, во која терористите ги подготвувале експлозивите и експлозивните направи, посочува ФСБ.