23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Во Русија уапсени терористи кои планирале да се разнесат во Москва

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) привела четворица терористи, еден државјанин на Русија и тројца на централноазиските држави, кои подготвувале атентати во Москва и регионот, соопшти прес центарот на ФСБ, пренесе ТАСС.

Групата планирала да изведе самоубиствени атентати со моќни експлозиви во места каде се собираат многу луѓе, пред се,  транспортни објекти и трговски ценатри во Москва.

Подготовката била раководена од емисар на групата Исламска држава, кој дејствувал по наредби на неговите лидери од Сирија.

Во непосредна близина на руската престолнина била откриена и уништена лабораторија, во која терористите ги подготвувале експлозивите и експлозивните направи, посочува ФСБ.

поврзани објави

Последни објави