25.8 C
Skopje
Friday, June 21, 2024

Приведен Љупчо Палевски

Бизнисменот вечерва е приведен во полициска станица по барање на СЈО, дознава телевизија 24.

Љупчо Палевски, бизнисмен од Скопје, вечерва е приведен во полициска станица по барање на СЈО, дознава телевизија 24 од извори во обвинителството на Катица Јанева.

Според истите извори во СЈО, се води предистражна постапка за Палевски.

Нова ТВ шпекулира дека приведувањето на скопскиот бизнисмен е веројатно поради објавување на прислушувани интимни и приватни разговори помеѓу јавни личности, меѓу кои новинари и бизнисмени, на социјалните мрежи.

Драган Павловиќ-Латас во СЈО пријави вакви злоупотреби. На профилот на приведениот се појавија и снимки од бизнисменот Јордан Камчев

поврзани објави

Последни објави