4.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ бараат поддршка на Декларацијата за демократизација

Републичкиот штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ денеска ги повика сите членови и симпатизери на партијата да ја поддржат Декларацијата за реформи и демократизација.

Како што соопшти Илија Илиоски од Внатрепартиската иницијатива за реформи и демократизација на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција, Декларацијата почива на принципите за рамноправност, слобода на говор и мисла, непосреден избор, тајност во одлучувањето, неспоивост на функции, индивидуална одговорност, личен интегритет, квалитет и внатрепартиска солидарност.

– Сметаме дека овие се принципите кон кои треба да тежнееме во целост и да ги оствариме во рамки на делувањето на нашата партија. Сега е моментот да се обединеме, да и помогнеме на ВМРО-ДПМНЕ, да го вратиме победничкиот дух, правото на членовите непосредно да ги донесуваат одлуките, да го реформираме работењето и делувањето за да однесеме убедлива победа на следните избори, нагласи Илиоски.

Одговарајќи на новинарски прашања, Илиоски потенцира дека РШ воопшто не размислува да делува надвор од партијата или за какви било фракции и паралелни листи на претстојните избори за градоначалници. Секој чекор ќе биде во рамки на ВМРО-ДПМНЕ и покрај спротивставените размислувања и ставови на останатиот дел од членството.

– Според нашите анализи, преку 50 отсто од членството на партијата смета дека треба да има реформи и не поддржува, напомена Илиоски.

Декларацијата за реформи и демократизација на 29 јули годинава била доставена до Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, но РШ досега нема добиено никаков одговор. Како што рече Илиоски, и Центарот за комуникации на партијата не одговара на нивните предлози, сугестии и барања, вклучувајќи ја и денешната покана на лидерот Никола Груевски да присуствува на прес-конференцијата.

поврзани објави

Последни објави