Јасно беше дека заминувањето на Нејмар од Барселона, можеби малку ќе ја промени играта на Каталонците, но со оглед на тоа што го гледавме на двата меча против Реал Мадрид, на Барселона и требаат сериозни трансфер чекори до крајот на овој месец.
Каталонците беа поразени со 5:1 од Реал Мадрид во Купот, а вистинско прашање е сега дали Барселона по доаѓањето на Паулињо, ќе ги остварат трансферите на Кутињо и Дембеле, за кои тврдат во Барселона дека се блиску.
Сето тоа остава простор за сомнеж и за евентуално новиот договор на Меси во Барселона.
Сега медиумите пишуваат дека Аргентинецот им поставил услов на луѓето во управата на каталонскиот клуб, за тоа што треба да сторат доколку сакаат тој да остане во иднина во клубот.
Новиот услов наводно на Меси бил проверен играч до крајот на трансфер периодот освен Филипе Кутињо, а се вртат имињата на Анхел Ди Мариа од ПСЖ или Пауло Дибала од Јувентус. Во игра е и Антоан Гризман од Атлетико Мадрид, за кој се пишува дека влегол во некоја поголема расправија со Симеоне Чоло.
Извор: Спортклуб