6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Заев за терористичкиот напад во Барселона: Осудата на омразата и насилството мора да биде одлучна и силна

Владата на Република Македонија го осудува терористичкиот акт во Барселона, Шпанија. Изразуваме жалење до семејствата на жртвите од овој нечовечки акт на насилство, како и до државите од кои доаѓаат, а на повредените им посакуваме брзо опоравување. Се надеваме дека безбедноста на граѓаните на Барселона како и сите туристи кои се таму е веќе обезбедена.

„Длабоко и искрено сочувствувам со семејствата на жртвите од синоќешниот терористички напад во Барселона. Нашата порака до Шпанија и цела Европа е дека во овој момент кога тагуваме за жртвите, осудата на омразата и насилството мора да биде одлучна и силна. Истовремено мораме да ги зајакнеме заложбите кои промовираат единство и слобода, наспроти поделбите и дискриминацијата.”, порачува претседателот на Владата на Република Македонија.

поврзани објави

Последни објави