7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Димитров во посета на Осло: Потпишана Заедничка изјава за партнерство и соработка меѓу Македонија и Норвешка

Заокружувајќи ја својата нордиска турнеја, денеска министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, престојуваше во возвратна посета на Осло и средба со својот норвешки домаќин, министерот за надворешни работи, Борге Бренде. Посетата доаѓа по само неполни два месеца од јунската посета на норвешкиот министер Бренде на Скопје.

Работна посета на Кралството Норвешка

На топлата и продуктивна средба беше означено отворањето на ново поглавје во односите со норвешката демократија, што беше одбележано со потпишување на Заедничка изјава за партнерство и соработка меѓу Република Македонија и Кралството Норвешка.

По тој повод министерот Димитров го поздрави фактот што токму Норвешка, како докажана нордиска демократија, препознала „нова надеж и нов почеток во Македонија“. Димитров изрази и особено задоволство што нордиските земји ни стануваат толку блиски пријатели и што оваа регионална посета завршува со потпишување на изјава за конкретна поддршка на реформските напори на Македонија.

Министерството за надврешни работи на Кралството Норвешка денеска објави јавен повик за реформска помош насочена кон зајакнување на ЕУ интеграцијата на Македонија.

Престојот во Осло, МНР Димитров го искористи и за средба со поранешниот норвешки министер за надворешни работи Кнут Волебек, а свое интервју даде и за НРК радио.

Посетата на Осло означува крај на регионалната посета на нордиските земји во рамки на која покрај Норвешка, беа посетени Данска, Шведска и Финска.

поврзани објави

Последни објави