Починато лице чие тело било во фаза на распаѓање било пронајдено вчера попладнето во Скопје на улицата „138“.
Од полицијата информираат дека случајот кај нив бил пријавен од екипа на Итна медицинска помош.
Утврдено е починатиот е 73 годишниот Д.Д. кој во куќата каде бил пронајден живеел сам.
Засега не е познато кои се причините за смртта на Д.Д., а повеќе детали се очекуваат по завршување на обдукцијата.