30.8 C
Skopje
Friday, June 21, 2024

КОНТЕ СЕ ИЗНАСМЕА: Коста? Тој е во минатото!

Менаџерот на Челзи Антонио Конте се смееше неколку секуни, откако на денешната пресконференција беше запрашан за последните напади од страна на Диего Коста. Напаѓачот повторно побара лондончани да го пуштат во Атлетико Мадрид, но и обвини дека клубот, намерно му ја зголемува цената, за да ја спречи евентуалната продажба. Тој продолжува да биде во Бразилија и откажува да се врати на Островот дури и да биде санкциониран.

Можам да ви кажам дека секој оној кој работи во Челзи, знае многу добро што се случи со него минатата сезона. Не сакам да продолжам со коментарите. За мене Коста е во минатотото на Челзи, изјави видно расположениот италијанец. Коста го предупреди и Атлетико дека ако клубот не вложи доволно напори да го привлече, тогаш тој ќе треба да погледне и кон други клубови.

поврзани објави

Последни објави