30.8 C
Skopje
Friday, June 21, 2024

АЛАРМАНТНО ВО ТЕТОВО: Гори депонијата (ФОТО+ВИДЕО)

Алармантна е состојбата во Тетово, изби пожар од дивата депонија. Се случи токму она од кое тетовчани стравува- дека ќе се соочат со истиот проблем како стружани. Пламените јазици се шират кон силосите за жито на влезот на Тетово. Во близнина има и далековод кој што исто така може да биде зафатен од пожарот.

На неколкупати од депонијата се издигнува густ, црн чад, а граѓаните се жалат дека несподносливата смрдеа и чадот освен близу депонијата сега се чувствува насекаде низ Тетово.

ФОТО ТЕТОВО

Домови на тетовчани се наоѓаат на само десетина метри од депонијата. Граѓаните на Тетово неодмна и протестираа и бараа од општинските власти под итно дивата депонија да се да се префрли на друг дел од градот и еднаш за секогаш да се најде трајно решение за овој проблем.

 

поврзани објави

Последни објави