30.8 C
Skopje
Thursday, June 20, 2024

Реал ја одби мега понудата на Јувентус

Реал Мадрид ја одби понудата на Јувентус од 75 милиони евра за продажба на  Матео Ковачиќ.

За останување на хрватскиот интернационален во Мадрид лично се заложил тренерот на кралевите Зинедин Зиднан кој по заминувањето на Хамес Родригез се повеќе доверба му дава токму на овој играч за врска.

Ковачиќ знае да го оправда тоа и беше еден од најдорбите на вториот дуел до шпанскиот Суперкуп кој се играше против Браслеона на Сантијаго Бернабе.

23-годишниот Кoвачиќ претходно две години играше за италијанскиот клуб Интер, но во 2015-та дојде во Реал за кого досега има забележано 25 настапи. Доколку шпанскиот првак ја прифатеше понудата од Италија, Ковачиќ ќе станеше најскапо купениот хрватски фудбалер во историјата.

 
Спортклуб

поврзани објави

Последни објави