6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Српска актерка сведок на теорористичкиот акт во Барселона: Секунди ме делеа од смртта

Српската актерка Сузана Петричевиќ за “Блиц“ сведочи дека во Барселона пред нејзините очи луѓето летале во воздух по ударот на комбето на смртта.

-Беше страшно, гледавме во смртта, се се случи на еден метар од мене. Како успеав да влезам во една продавница, ни самата не знам. Две Италијанки ме повлекоа во продавницата. Секунди ме делеа од смртта. Се уште не сум свесна што доживеав, тоа беше страшно, рече Перичевиќ.

-Сосема случајно се најдов на улицата Портал дел Ангел, во еден момент влегов во продавница за наочари, беше сосема опуштено попладне во Барселона. Излегов на улицата и почнаа врисоци. Никој не знаеше што се случува. Леташе жена со дете во рацете, ги опишува страшните сцени српската актерка.

Стампедото кое настана во тој момент, беше страшно, бидејќи комбето газеше се пред себе.

ФОТО

-Се траеше пет минути, толку му требаше да ги убие овие недолжни луѓе. Тој даде гас, улицата е долга 500 метри. Една минута претходно влегов да пробам наочари за сонце, се смеав, а другата минута се случи овој хорор, рскаѓува Перичиќ.
.

поврзани објави

Последни објави