7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Кога плукате по отец Партениј-помислете на Катарџиев

Во моментите кога, сакате да го зајакнете својот млитав „патриотизам“ со ударна доза загриженост за статусот на МПЦ-ОА, покрај изнесените навреди и „компетентни“ ставови во врска со отец Партениј, не е лошо да се потсетите на еден од корифеите на македонизмот во неговата титовистичка форма, а имено почитуваниот академик Иван Катарџиев.

Потсетете се на емисијата „Во Центар“ со Васко Ефтов, посветена на „бугарскиот“ празник 23 октомври. Таа е од времето кога сегашниот „ВМРОвец“, вечниот Југословен Ефтов, беше близок до СДСМ. Емисијата тогаш беше направена со цел да се „деградира“ одлуката на тогашното парламентарно мнозинство (ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата) (од 2007 г.) да го изгласа денот на создавањето на македонската револуционерна организација (БМОРК, ТМОРО, ВМОРО, ВМРО) за државен празник.

Тогаш Ефтов го повика академикот Иван Катарџиев (еден од најголемите авторитети, што произлегле од т.нар. Културна автономија на Пиринска Македонија), индиректно да објасни, зошто датумот 23 октомври 1893г. не треба да се смета за чисто македонски државен празник. Си кажа академикот дека шестмината интелектуалци основачи на Организацијата, во Солун основале Блгаро-Македоно-Одрински Револуционен Комитет. Кратко и јасно.

Краток и јасен во своите ставови поврзани со историската вистина и улогата на Бугарската Егзархија во историјата на ВМРО и Македонија, беше и отецот Партениј, кој стана мета на најразлични учени-недоучени и се разбира на луѓе, кои себе си лажно се нарекуваат новинари. Истите тие денес сакаат да го етикетираат отец Партениј, како некаков предавник, но нивните обиди удрија на камен. Во Македонија се уште има будни луѓе, кои можат да поврзат еден и еден и да добијат два. Оти логиката и вистината се едноставни „науки“, со нив лесно се ракува, бидејки, белото никогаш не може да биде црно, а пак еден и еден никогаш не може да биде повеќе од два.

PS: На „новинарот“ од ѕинговизија Сител и дневниот весник Вечер чиј идоли се Шешељовци и Додики, би сакал да му пренесам нешто од Ефтим Спространов: “Србине брате, запомни: тоа што не гасне, не се гаси, и тоа што не умира, не се убива. Духот на македонецот ќе живее вечно и ќе ве задави”- објавено во „Отзвуци“ 1924г. во Софија.

поврзани објави

Последни објави