12.8 C
Skopje
Thursday, May 22, 2025

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот што парите на граѓаните веќе не завршуваат во џебот на Груевски

Граѓаните 11 години сведочеа како нивните пари завршуваа во скапоцениот дворец на ВМРО-ДПМНЕ, најбогатата партија во Европа, како нивните пари се трошеа на скапи ручеци, на барокни фасади, панорамски тркала и споменици, додека мнозинството граѓани живееше во сиромаштија и долгови. Затоа денес целата јавност се потсмева кога ВМРО-ДПМНЕ прашува каде се трошат парите на граѓаните.

За разлика од претходно, парите на граѓаните веќе не се трошат за криминално богатење на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, туку тие се користат за продуктивни цели и за квалитетен живот за сите граѓани.

Опозициската партија не може да се помири со фактот дека наместо парите на граѓаните да завршуваат на контото на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, тие, сега се користат за повисока минимална плата, поголема помош за стопанството, повисоки пензии и за трајно решавање на деценискиот проблем со стечајните работници, соопштуваат од СДСМ.

поврзани објави

     

Последни објави