Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека српските надлежни органи установиле и докажале дека против Србија била извршена разузнавачка операција и дека поради тоа биле повлечени сите вработени од амбасадата во Скопје.
– Нашите надлежни органи установиле и ни дадоа докази за разузнавачка операција против Србија, рече српскиот претседател Вучиќ за новинарите.
Како што кажа тој и покрај оваа ситуација, Србија ќе продолжи да негува пријателски односи со Македонија.
– Ќе почекаме да видиме што Албанците ќе кажат за Косово во УНЕСКО и ќе почекаме да видиме што Скопје ќе каже на тоа. Наше е да се подготвиме и да умееме да одговориме. Да го заштитиме нашето функционирање од влијанието на надворешни фактори и делување, рече Вучиќ.