25.8 C
Skopje
Friday, June 21, 2024

Вучиќ: Персоналот од амбасадата во Скопје е повлечен поради разузнавачко дејствување против Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека српските надлежни органи установиле и докажале дека против Србија била извршена разузнавачка операција и дека поради тоа биле повлечени сите вработени од амбасадата во Скопје.

– Нашите надлежни органи установиле и ни дадоа докази за разузнавачка операција против Србија, рече српскиот претседател Вучиќ за новинарите.

Како што кажа тој и покрај оваа ситуација, Србија ќе продолжи да негува пријателски односи со Македонија.

– Ќе почекаме да видиме што Албанците ќе кажат за Косово во УНЕСКО и ќе почекаме да видиме што Скопје ќе каже на тоа. Наше е да се подготвиме и да умееме да одговориме. Да го заштитиме нашето функционирање од влијанието на надворешни фактори и делување, рече Вучиќ.

поврзани објави

Последни објави