6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Рашковски на Фејсбук објави документи според кои Владата на Груевски планирала изградба на станови за бегалци

Генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Драги Рашковски на неговиот Фејсбук профил објави документи од Владата на ВМРО-ДПМНЕ од 2011. година во кои стои дека согласно „Стратегијата за интеграција на бегалци и странци во Република Македонија 2008-2015“ Владата планира да гради станови за бегалци.

Во документот потпишан од тогашниот заменик министер за транспорт и врски, Горан Михајловски, а испратен до Владата пишува дека е предвидена изграба на станбени единици за бегалската популација.

– Македонија отсекогаш била хумана земја и им помагала на луѓето кои се нашле во невоља не по своја вина. Така и ќе биде. Но, Владата на Република Македонија, предводена од СДСМ, не планира изградба на станбени единици за бегалците. За тоа кој планирал најдобро зборува пишаниот документ. Сеењето на страв е неоправдано. Политиката е борба на идеи. Дајте да се натпреваруваме со идеи. Оние од наша страна допрва претстојат, напиша Драги Рашковски на неговиот Фејсбук профил.

ФОТО
ФОТО
ФОТО
ФОТО

поврзани објави

Последни објави