Се што досега сте мислеле за јајцата како храна и дека не треба да се јадат е сосема погрешно.
Најновите истражувања покажаа дека ако јадеме јајца само три пати неделно во организмот ќе ни се случуваат следниве нешта:
–Јајцата го убиваат гладот
Поради големата количина на протеини кои ги содржат јајцата, тие ја регулираат гладта и со тоа се намалува внесот на храна во телото.
–Помагаат при слабеење
Со оглед на тоа дека бргу заситуваат јајцата се користат во многу диети како една од главните намирници за појадок. Јајцето со средна големина има 80 калории, а истражувањата покажаат дека ако изедеме едно јајце дневно не предизвикува значително зголемување на холестеролот.
–Одлични се за кожата и за организмот
Високото ниво на B2, B5 i B12 кои се наоѓаат во јајцата овозможуваат добро функционирање на организмот, а особено на јетрата. Овие витамини се задолжени за здрав и убав изглед на кожата и на косата.
–Добри се за забите и коските
Јајцето содржи високо ниво на витаминот D и калциум кои се неопходни за здрави и јаки коски. Треба да се има во предвид дека нашиот организам користи дури 90 проценти од калциумот од оваа намирница.
–Јајцата се богати со аминокиселини
Постојат 20 аминокиселини за нормално функционирање на организмот.Нашето тело призведува 11 аминокиселини, додека преостанатите 9 можеме да ги најдеме во јајцата.
–Ја подобруваат функцијата на мозокот
Јајцата се полни со лецитин, природна супстанца која е најдобар извор на холин-битна компонента која го храни мозокот, ја поттикнува меморијата и концентрацијата.
–Помага при намалувањето на холестеролот
Спротивно на мислењето дека јајцата се главните виновници за покачениот холестерол, лецитинот од јајцата всушност ја поттикнува неговата елиминација.
–Го намалува нивото на стрес
Аминокиселините од јајцата помагаат во зачувувањето на менталното здравје. Имено, според една студија докажано е дека јајцата го намалуваат нивото на стрес и помагаат во лачењето на сератонинот.
–Одлични се за имунитет
Едно јајце содржи дури 22 проценти селен кој е неопходен за беспрекорна работа на штитната жлезда и целокупниот имунолошки систем.
–Го намалува ризикот од срцеви заболувања
Високото ниво на холестерол во крвта LDL тесно е поврзан со болестите на срцето. Со конзумирање на умерено количество јајца кои содржат лецитин ќе го сузбиете дејството на лошиот холестерол и ќе ја поттикнете функцијата на кардиоваскуларниот систем.