6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Од октомври повторно евтина тарифа на струјата

Од октомври стартува евтината тарифа на струјата, мерка што ја вети Владата пред изборите, соопшти денеска премиерот Зоран Заев.

На заедничката прес-конференција во Владата на која присуствуваат и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, како и министерот за економија Крешник Бектеши, Заев рече дека евтина струја ќе има секој работен ден и во сабота од 14 до 16 часот, како и од 22 до 7 часот наутро, а во недела останува досегашната пракса, евтина струја да има цел ден.

– Исполнуваме уште една од ветените владини мерки. Ја враќаме евтината тарифа на струјата. Ова ќе ја чини државата осум милиони евра. Тие пари ги враќаме на граѓаните, а најмногу ќе заштедат посиромашните, истакна Заев.

Според вицепремиерот Кочо Анѓушев, ЕВН Македонија нема да добие субвенција за евтината тарифа на струјата, иако очекувано, ќе бележи загуби.

– Домаќинското работење на компаниите ќе биде изворот на средства. Такви заштеди се веќе направени, рече Анѓушев.

Заев и Анѓушев нагласија дека оваа мерка нема да има влиание на покачување на цената на струјата и не се коси со европската регулатива.

поврзани објави

Последни објави