„Последните информации во медиумите уште еднаш потврдуваат дека токму ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски стојат зад насилниот упад во Собранието на 27-ми април и крвничките напади што се случија на овој ден.
Објавените изјави покажуваат дека спротивно на државните и националните интереси на Република Македонија, спротивно на интересите на граѓаните структури на тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ, во институциите, дозволила странски разузнавач да влезе во Собранието.
Крвавите настани во Собранието беа резултат на насилството на кое подолг период повикуваше Никола Груевски, како и провокациите, омразата, поделбите поттикнати од ВМРО-ДПМНЕ и од нивните соработници.
Македонија избра промени и сега чекори по нов пат, на нови вредности кои значат единство, почитување, мир и толеранција.
Но, одговорност за сите што учествуваа во насилство во Собранието, како и за сите други злодела нарачани и спроведени од раководството на ВМРО-ДПМНЕ мора да има, за никогаш повеќе да не се повтори“ се вели во соопштението на СДСМ.