30.8 C
Skopje
Thursday, June 20, 2024

Велија Рамковски планира да ја обновува А1 телевизија, 51 отсто од сопствеништвото ќе даде на новинарите и борците против власта на Груевски

Велија Рамковски, сопственикот на првата приватна телевизија А1, која беше затворена, а тој и неговите најблиски соработници добија долгогодишни затворски казни, најавува дека планира повторно да ја телевизијата, бидејќи тоа било желба на гледачите.

Во ексклузивното интервју за утрешен „Слободен печат“ (петок, 23 август), Рамковски открива дека неговите најблиски соработници, кои заедно со него ги минаа македонските гулази Шутка и Идризово, како и храбрите новинари кои се бореа против режимот, ќе имаат 51 отсто од сопствеништвото на телевизијата, додека новинарите ќе имаат со статут загарантирана уредувачка автономија.

После повеќе од седум години минати во затвор, Велија Рамковски доби прекин на казната поради здравствени причини.

поврзани објави

Последни објави