13.8 C
Skopje
Wednesday, April 23, 2025

Ибрахимовиќ повторно во Јунајтед: Ќе се вратам посилен од било кога за да го завршам она што го започнав

Златан Ибрахимовиќ и Манчестер јунајтед со договор на уште една година. Швеѓанецот во новата сезона ќе го носи бројот 10, кој досега беше во сопственост на Вејн Руни.

„Се вратив да го завршам она што го започнав. Јас и клубот имавме иста цел, а тоа е да останам тука подолго од една година. Со нетрпение чекам да се вратам на „Олд трафорд“, и да заиграм со овие одлични момци. Сепак, не брзам за ништо, се подготвувам постепено, за да бидам во топ форма кога повторно ќе зачекорам на терените. Работев напорно да се опоравам од повредата, ќе се вратам посилен од било кога“, истакна Ибрахимовиќ.

Тренерот на Јунајтед Жозе Мурињо е исклучително радосен и среќен во целата ситуација и вели дека искуството на Ибрахимовиќ ќе му помогне на тимот да ги оствари зацртаните цели.

„Ме радува што повторно ќе соработуваме со Златан. Неговото огромно влијание од минатата сезона потполно ја заслужи нашата доверба. Нема сомнежи дека неговото искуство и квалитети ќе ни помогнат да оствариме нови успеси“, изјави Мурињо.

Ибрахимовиќ освои три трофеи со Јунајтед минатата сезона. Триумфот над Лестер во англискиот Суперкуп беше само почеток, Капитал купот и Лигата на Европа се поважните одличја кои Ибра ги додаде во неговата колекција на пехари.

поврзани објави

Последни објави