35.8 C
Skopje
Wednesday, June 12, 2024

Ефремовски: Не ме злоупотребувај подмолно на Фејсбук за пресметка со Жерновски

Горан Ефремовски, раководител во секторот за јавни набавки во општина Центар одговара на нападите врз него на социјалните мрежи дека наводно поседува палата во Горно Соње, полуксузна, како што беше наведено и од куќите на Заеви.
Фејсбук, вели Ефремовски, донесе многу добри работи во комуникациите, но и многу лоши. Една од најлошите е тоа што секој самопрогласен борец за правда со неколку илјади следачи, може да лаже, манипулира и одработува политички агенди без притоа да одговара за тоа. Прашува зошто не му се обратиле нему за одговор наместо одговор да бараат од Жерновски?
„Јас сум државен службени и мене ме обвинуваш за некој имот, но одговор бараш од друга личност. Зошто, затоа што тој ти е целта а не јас? Ако некој треба да одоговори на твоите обвинувања тоа сум јас, не тој.
Прво, јас имам приходи кои ми се уредно пријавени во УЈП и за кои имам платено данок. Тие приходи можеш слободно да ги истражиш, а јас сега јавно го повикувам УЈП да ти достави се што ти треба за твоето истражување. Тие приходи ми се од приватна дејност, остварени од 2010 година и немаат никаква врска со мојот ангажман во општина Центар.
Второ, единствен имот кој го имам на мое име куќата во Соње која како мизерен шпион си била да ја сликаш утринава и уште едно станче од 40 квадрати кое ми го остави дедо ми. Друг имот немам.
И трето, куќата е купена заедно со мојата сестра, која парите од продажба на нејзиниот стан ги инвестираше во оваа куќа. Таа замина за Германија и во куќата инвестирше за да живее тука кога ќе се врати.Ти стојам на располагање за инфомрации, но немој веќе подмолно на Фејсбук да ме злоупотребуваш за да се пресметуваш со Жерновски“, одговара Ефремовски.

Ефремовски на ФБ

поврзани објави

Последни објави