35.8 C
Skopje
Wednesday, June 12, 2024

„Дело“: Следната европска криза може да почне од Балканот

Балканот би можел да го подготви теренот за следната европска криза, оценува словенечкиот весник „Дело“ во денешното издание, коментирајќи го дипломатскиот спор меѓу Србија и Македонија.

Весникот оценува дека одлуката на Белград за повлекување на персоналот од Амбасадата на Србија во Скопје претставува и обид за притисок на Србија врз Македонија да гласа против приемот на Косово во УНЕСКО.

„Дело“, како што пренесува Танјуг, констатира дека Србија и Македонија имаат различни ставови во однос на албанското прашање. Додека во Македонија е овозможено албанската заедница да учествува во креирањето на надворешната и внатрешната политика на земјата, во Србија се бара анексија на Косово или поделба на се што е српско и албанско во Косово.

Весникот оценува дека Србија, како традиционален сојузник на Русија на Балканот, веројатно се „обидува да и помогне на Москва во нејзините напори да го спречи целиот регион да влезе во ЕУ и НАТО“.

„После неуспешниот обид за државен удар со цел да се спречи влезот на Црна Гора во НАТО, нова цел на Русија е Македонија“, тврди „Дело“.

Весникот потсетува дека Македонија ги интензивира односите со САД, со цел земјата следната година да стане 30. членка на НАТО.

поврзани објави

Последни објави