6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Букмејкерите со свои проценки, еве каков коефициент доби Вардар за освојување на Лига Европа

Македонскиот првак доби дополнителна мотивација за докажување во второто по ранг европско клупско натпреварување.

о ждребката за групната фаза од Лига Европа, букмејкерите веднаш реагираа со свои проценки околу тоа кој е најголемиот фаворит за победник сезонава во ова натпреварување, а воедно кому му ги препишуваат улогите на аутсајдери.

Тоа што е интересно за нас, Зенит и Реал Сосиедад кои се во друштво на нашиот првак во групата „Л“ се најдоа во друштво на десетте најголеми кандидати за освојување на Лига Европа оваа сезона.

Први фаворити за освојување на титулата се Милан и Арсенал со коефициенти (10,00), по нив следат Евертон (17), Атлетик Билбао (19), Олимпик Лион (21), Вилјареал (21), Лацио (21), Олимпик Марсеј (26), Реал Сосиедад (26) и Зенит (26).

ФОТО

Вардар за освојување на Лига Европа доби коефициент 151, а нашиот првак има идентични оценки заедно со Стеауа Букурешт, Викторија Плзен, Остерсундс, Макаби Тел Авив, Црвена Звезда, Ријека, Зулте Вареген, Аполон, Розенборг, БАТЕ Борисов и Астана.

 

Извор: bwin.com

 

Фото-вест: Кочо Сотировски (24фудбал)

поврзани објави

Последни објави