7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Либерализацијата на пазарот на електрична енергија ќе биде удар по буџетот на граѓаните

„СДС во наредната година, наместо да ја намали, ќе ја зголеми цената на струјата.

До тогаш граѓаните ќе плаќаат сметки, исти како и досега. Доколку трошат повеќе, сметките ќе бидат повисоки, а доколку трошат помалку сметките ќе бидат пониски.

Со најавената либерализацијата на пазарот на увозот на електрична енергија, сметките за струја што ќе ги добиваат граѓаните ќе бидат повисоки и тоа за 20%.

СДС и Заев сакаат да го искористат моментот пред избори и да ги излажат граѓаните уште еднаш. Знаат дека станува збор за популистичка мерка која нема да има никакво влијание врз семејниот буџет. Знаат дека сметките ќе бидат исти и затоа ја најавуваат сега, пред избори, бидејќи сметката за електрична енергија која што ќе биде иста ќе стигне после изборите.

Вистината е една.

Либерализацијата на пазарот на електрична енергија ќе биде нов голем удар по буџетот на граѓаните. Удар од кој ќе имаат корист само лоби групите блиски на СДС кои поседуваат енергетски компании кои се занимаваат со трговија на електична енергија.

Доколку СДС вистински се грижеше за стандардот и животните потреби на граѓаните, ќе ги зголемеше за 5% платите на администрацијата, ќе ги зголемеше за 5% пензиите на преку 300.000 пензионери и ќе ги зголемеше платите на докторите на 100.000 денари.

Граѓаните се свесни дека со недомаќинското владеењето на СДС, наместо со подебел паричник останаа со празни џебови.

За ваквиот однос кон граѓаните СДС ќе биде казне

поврзани објави

Последни објави