30.8 C
Skopje
Friday, June 21, 2024

Иницијативата „Банка за храна“ на премиерот Зоран Заев му додели признание „Амбасадор за борба против гладот“

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска прими делегација на граѓанската организација „Банка за храна“, која му врачи плакета „Амбасадор за борба против гладот“. Ова признание на премиерот Заев му го додели Душко Христов, Претседател на „Банка за храна“, заради неговиот значаен придонес во акциите на оваа иницијатива, особено во периодот кога тој беше градоначалник на Општина Струмица.

Во делегацијата на денешната средба во кабинетот на премиерот, беше и Шефот на мисијата на Европската федерација на банките за храна, господинот Иго Де Фенанс, како и Гордана Трајковска, од граѓанското здружение за лица со попречености „Порака“ од Неготино, и Дороти Пачкова, од организацијата еднородителски семејства „Една може“.

Господинот Иго Де Фенанс од Европската федерација на банки на храна, информираше дека членството на „Банка за храна“ од Република Македонија во федерацијата, ќе ѝ овозможи на македонската организација да биде дел од мрежата на сестринските организации за споделување искуства и конкретни акции со другите банки за храна во Европа.

Гордана Трајковска, од граѓанското здружение за лица со попречености „Порака“ од Неготино, и Дороти Пачкова, од организацијата едннородителски семејства „Една може“, го информираа премиерот Заев за активностите на нивните организации.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, истакна дека тој, и новиот владин кабинет, се целосно посветени на поддршката на активностите на граѓанските здруженија и дека секогаш ќе настојува да ги поместува границите на соработката со граѓанското општество.

поврзани објави

Последни објави